Македонците имаат 441 килограм комунален отпад по глава на жител, како е низ Европа?

Во просек секое лице во ЕУ во 2020 година создало по 505 килограми комунален отпад, од кои околу 48 проценти биле рециклирани.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, најмногу комунален отпад создале Данска и Луксембург со 845 кг и 790 кг по глава на жител, додека најмалку Романија (287 кг), Полска (346 кг) и Унгарија (364 кг). Ние сме под просекот во ЕУ, каде секој жител во просек во 2020 година создал по 441 килограми комунален отпад, од кои 304 завршиле на отпад, покажуваат податоците на Евростат.

Иако под просекот на ЕУ, во регионот сме на второ место по комунален отпад по глава на жител и пред нас е само Црна Гора со 486 кг. Најмалку комунален отпад по глава на жител во регонот има Косово – 256 кг, потоа следи Србија со 338 кг, Босна и Херцеговина – 352 кг и Албанија – 369 кг.

На ниво на ЕУ во 2020 година се создадени 225,7 милиони тони комунален отпад, што е раст од еден процент во однос на 2019 година и 14 проценти споредено со 1995 година.

Во просек по глава на жител се рециклираат 151 килограм од комуналниот отпад. Иако количината на рециклиран отпад во 2020 година останува стабилна, сепак бележи намалување на 67 милиони тони од 68 милиони тони во 2019 година. Во 1995 година луѓето во ЕУ рециклирале 44 милиони тони или по 97 килограми по глава на жител.

Компостирањето е исто така рециклирање и во 2020 година 40 милиони тони или 90 кг по лице отпад биле компостирани на ниво на ЕУ, што е речиси три пати повеќе отколку во 1995 година кога биле компостирани 14 милиони тони или 33 кг по лице.

И покрај тоа што ЕУ создава повеќе отпад, вкупната количина на депониран комунален отпад е намалена од 121 милион тони во 1995 година на 52 милиони тони во 2020 година. Ова одговара на просечен годишен пад од четири проценти.

Комуналниот отпад, според Евростат, е отпадот што го собира и се отстранува преку систем за управување со отпад и освен од потрошувачките навики зависи и од капацитетот на системот за менаџирање на отпад. Тој главно се состои од отпад што го создаваат домаќинствата, иако вклучува и сличен отпад од извори како што се продавници, канцеларии и јавни институции.

реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе