Македонија една од деветте земји-членки на НАТО кои ја поддржаа кандидатурата на Украина за членство во Алијансата

Претседателите на девет земји од НАТО објавија заедничка изјава во која ја поддржуваат кандидатурата на Украина за членство во алијансата и ги повикаа сите членки да ја зголемат воената помош за Киев.

Претседателите на Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Северна Македонија, Црна Гора, Полска, Словачка и Романија изразија цврста поддршка за одлуката на самитот на НАТО во Букурешт за идното членство на Украина во Алијансата.

„Ја поддржуваме Украина во нејзината одбрана од руската инвазија, бараме Русија веднаш да се повлече од сите окупирани територии и ги охрабруваме сите сојузници значително да ја зголемат својата воена помош за Украина“, се додава во соопштението.

Во соопштението се наведува дека лидерите на тие земји, кои сочинуваат речиси една третина од членките на НАТО, „го посетиле Киев за време на војната и со свои очи биле сведоци на последиците од руската агресија“.

„Ја повторуваме нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Ние не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме руските обиди за анексија на која било украинска територија“, се вели во соопштението.

Во соопштението, исто така, се бара „сите оние кои вршат злосторства на агресија“ да бидат изведени пред лицето на правдата.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Read more

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Read more

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more
 

Вести

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе