Македонски полицајци со службен автомобил пренеле дрога преку граница, не знаеле што носат

Дрога е запленета завчера на црногорскиот граничен премин Сукобин во автомобил со регистерски таблички од Северна Македонија, кој се движел од правец на Албанија кон Црна Гора.

Дрогата е пронајдена во полициско возило, а како што соопшти царинската служба на Црна Гора службеници на царинска испостава во Сукобин во координација со полициската управа, заплениле дрога и спречиле шверц при контрола на автомобил со регистарски таблички од Северна Македонија. Автомобилот се движел од правецот на Албанија кон Црна Гора.

„Службеници во царинската испостава Сукобин, во координација со Полициската управа, при контрола на патничкото моторно возило, пронашле поголема количина на растителна материја за која постои основано сомнение дека се работи за наркотици. Возилото со регистарски таблички на Република Северна Македонија се движело од правец од Албанија кон Црна Гора, а супстанцата, спакувана во неколку поединечни пакувања, била пронајдена во скриен бункер на возило наменето за криумчарење“, се наведува во соопштението.

Во согласност со протоколот за билатерална соработка, понатамошната постапка ја презела надлежната институција на Република Албанија.

Дел под медиумите во земјава вчера јавија дека дрога е пронајдена во службено возило на МВР на албанско-црногорската граница и оти станува збор за марихуана, а во возилото биле вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, кои заминале на обука во Црна Гора и тоа со службеното возило од авто паркот на МВР.

Возилото, МВР го користело откако го добило од Агенцијата за одземен имот, а истото било запленето од Царинската управа во 2016 година во акција за сузбивање на трговија со дрога. Според дел од медиумите, двајцата вработени во МВР немаат поврзаност со дрогата и не знаеле за неа.

Од МВР го потврдија случајот, но тврдат дека станува збор за претходно запленета марихуана која останала во возилото, скриена во бункер под седиштата. Од министерството додаваат дека двајцата службеници веќе се вратени во Скопје.

Според објаснувањето на МВР двајцата вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за патувањето во Црна Гора задолжиле службено возило „Chraysler Voyager“ од автопаркот на министерството. Возилото било предадено во нивно владение од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, откако претходно Царинската управа во 2016 година го запленила во акција за сузбивање на трговија со дрога, објави telma.com.mk.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе