Македонските Евреи против бришењето на бугарски од фашистички окупатор

Еврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска во заедничка реакција посочуваат дека не се согласуваат со намерата за бришење на етничката припадност во формулацијата „бугарски фашистички окупатор“, посочувајќи дека наместо бришење на терминот „бугарски“ би требало да се додадат термините „тогашен“ и „власт“ и секоја формулација на настаните од Втората светска војна поврзани со бугарскиот окупатор би се именувале како „тогашните бугарски фашистички окупаторски власти“.

Во реакцијата се посочува дека бришењето на терминот за етничка припадност значи „искривување на историската вистина“.

Тие наведуваат дека нивната реакција се базира на фактите дека денешна Република Северна Македонија за време на Втората светска војна била поделена на две окупациони зони – Западна Македонија окупирана од Италија и Централна и Источна од Царска Бугарија, во кој дел живееле Евреите, како и дека тие „биле депортирани од страна на бугарскиот окупатор, а не од италијанскиот окупатор“.

– За да не дојде до погрешно учење на историјата потребно е дообјаснување кое ќе ги задоволи сите засегнати страни кои се погодени со историските случувања. Тоа значи наместо бришење на „бугарски“ да се додадат термините „тогашен“ и „власт“ и секоја формулација на настаните од Втората светска војна поврзани со бугарскиот окупатор, би се именувале како „тогашните бугарски фашистички окупаторски власти“, наведуваат Еврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Тие посочуваат дека денешната модерна и демократска Бугарија, треба да го апсолвира фактот со своето минато дека била дел од Оската и директно учествувала во холокаустот на Евреите.

Според нив, за да ги изземе сегашните генерации и да ги ослободи од товарот на минатото, потребно е Софија јавно да се извини „за постапките на Царска Бугарија, за окупацијата и депортацијата на Евреите од денешна Северна Македонија“.

– Ова наше барање се провлекува години наназад и наместо да биде финализирано, сѐ повеќе се продлабочува. Се надеваме дека нема да дојде време кога ќе се побара од нас Евреите, кои со векови живееме на овие простори, да ја избришеме колективната меморија за постапките на „тогашните бугарски фашистички окупаторски власти“, се додава во заедничката реакција на Еврејска верска заедница и Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе