Македонските корени може да ја спасат девојката киднапирана од Хамас

Макфакс
/ 09.11.2023 / 17:04

Еврејската заедница во Македонија потврди дека 19-годишната киднапирана девојка од Хамас има македонско потекло, а Израелците укажуваат дека тоа може да ѝ го спаси животот. Наама Леви беше киднапирана на 7 октомври и оттогаш е заложник на Хамас, кои држат во заложништво 242 Израелци.

Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, родена во Македонија, синоиќа од Еврејската заедница побарала потврда на македонското потекло на киднапираната девојка, а денес добила потврда и документи, кои тоа го покажуваат.

„Родителите на девојката во очај ме замолија да направам напор да се потврди македонското потекло на Наама Леви. Нејзината прапрабаба Гарсија Бивас е родена во Скопје во 1893 година од татко Хаим и мајка Сара, а во 1900 година ја напуштила Македонија, дошла во Израел, каде што се омажила. Еврејската заедница ги потврди сите наводи на семејството. Се надеваме дека со нејзината историја би можела да добие и македонско државјанство, добро би било како еден хуманитарен чекор. Веќе имавме неколкумина киднапирани што Хамас ги ослободи оти се државјани и на други земји“, вели Леви Друмер во изјава за Макфакс.

Киднапираната девојка е активитска на мировната организација „Раце на мирот“. Нејзините родители на снимката од нејзиното киднапирање со која ги известиле дека е жива го додале нејзиниот говор, во кој објаснува дека се придружила на организацијата оти е за разговор со Палестинците и за надминување на проблемите.

„Живееме толку блиску едни до други, но никогаш не разговараме едни со други“, вели таа во видеото, кое се споделува на социјалните мрежи.

Remote video URL

Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во Македонија, вели дека веднаш откога го добиле барањето од Израел ја провериле документацијата и ги потврдиле зборовите на семејството на киднапираната девојка.

„Точно е дека киднапираната девојка е по потекло од Македонија. Баба ѝ Гарсија Бивас е родена 1893 година. Најдовме податок дека таткото на нејзината прапрабаба, Хаим Бивас, во тоа време бил член на Еврејската заедница, што е основен податок за потеклото оти, за жал, од тоа време немаме матични книги, таквите податоци ги имаме за периодот пред 1919 година. Најдовме и податок дека Хаим Бивас во 1925 година се иселил во Приштина. Целата побарана документација веќе ја испративме во Израел и се молиме за нејзиниот живот и за животите на сите киднапирани, не само Израелци туку и Палестинци“, вели Леви за Макфакс нагласувајќи дека киднапирањата и држењето во заложништво се краен чин на варваризам во едно цивилизирано општество.

Макфакс испрати прашања во Министерството за надворешни работи и во Владата за случајот на киднапираната девојка со македонско потекло и можноста да добие државјанство. Од Министерството потврдија дека ги виделе прашањата и најавија одговори, а од Владата нема никаква повратна информација.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more
 

Вести

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе