„Макканабис“ бара од Владата да го промени Законот за опојни дроги

Законскиот претставник на Здружението „Макканабис“,  Костадин Дуковски, на прес-конференција истакна дека е време Владата да ги земе предвид потребите на здружението за производството на канабис и примената врз пациентите.

– Пациентите во државата не можат да чекаат, некои чекаа бидејќи знаат каков импакт имаше COVID-19 врз здравството, сега е време да ги третираме пациентите и најважно од сѐ е што побрзо да се донесе законот и сите подзаконски акти што ќе произлезат од законот, истакна Дуковски.

Златко Кесковски, како член на одборот „Макканабис“, побара итно да се направи измена и дополнување на Законот за опојни дроги, од страна на Парламентот.

Од здружението бараат да им се овоможи извоз на цветот како суровина и финален производ надвор од државата.

– Ние немаме четири години развој на процесот, односно нема измена на веќе постоечкиот закон, тоа значи дека законодавецот и извршната власт не ги следат процесите на развој на индустријата во светот, додава Кесковски.

Кесковски истакна дека од Владата бараат покрај екстрактите и покрај финалните фармацевтски производи кои што се дозволени за извоз да добијат можност да извезат сув цвет што во Германија е регистриран како лек и е покриен од Фондот за здравство.

Здружението „Макканабис“ ќе достави барање до сите пратенички групи и ќе инсистира на решавање на сите прашања.

Јовица Лешовски во своето обраќање истакна дека придобивките што граѓаните можат да ги почуствуваат од канабисот во мометов се во застој.

– Ние како научници, а и науката истовремено стагнираме и ни треба подолго време да ги достигнеме истражувањата, истакна Лешковски.

Тој додава и дека развитокот на оваа индустрија ќе доведе до развиток на науката, ќе можат да бидат спроведени голем број истражувања, да се постави молекуларна основа за третирање на сите пациенти, анализа на производите.

Лешковски наведе дека канабисот има позитивен имакт во третирање на Алцхајмерова болест и многу видови канцер, аутизам, а истакна и дека има позитивно влијание на пациенти заболени од COVID-19.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе