Макпетрол: Никој ништо не ни подарува, направена е проценка на „ГА-МА“

Компанијата „Макпетрол“ денеска излезе со соопштение во врска со информациите искажани во рамки на 20. собраниска седница на која се расправа за решавање на спорот меѓу Владата и „Макпетрол“, односно за продажбата на АД „ГА-МА“ во која државата и „Макпетрол“ имаат по 50 проценти удел.

Во соопштението се наведува дека компанијата нема намера да коментира дали треба или не треба да се регулира ова прашање со закон, но истакнува дека нејзина обврска е да го почитува Законот за енергетика и мора да го продаде својот удел од 50 проценти во „ГА-МА“ бидејќи не може истовремено да врши и снабдување и пренос на природен гас.

Од „Макпетрол“ велат дека никој ништо не им подарува, туку дека е направена проценка на АД „ГА-МА“ од страна на Бирото за судски вештачења и утврдена е пазарна вредност на акционерското друштво од 65.547.810 евра. Половина од ова или 32.773.905 евра му припаѓа на Макетрол, велат од компанијата.

– „ГА-МА“ АД Скопје е формирана како акционерско друштво во сопственост на „Макпетрол“ АД Скопје и Владата на РСМ, со по 50 проценти од вкупниот основачки капитал на Друштвото, во износ од 37.612.500 евра. Од 2006 година до денес, „ГА-МА“ АД има инвестирано неколку десетици милиони евра во развој на гасоводниот систем на земјата. Со цел да се утврди сегашната вредност на „ГА-МА“ АД Скопје, пред реализација на трансакцијата е извршена проценка на пазарната вредност на Друштвото од страна на овластени проценители, ангажирани преку Бирото за судски вештачења како орган на државната управа во состав на Министерството за правда. Со проценката е утврдена пазарна вредност на „ГА-МА“ АД во износ од 65.547.810 евра, од која вредност 50 проценти во износ од 32.773.905 евра му припаѓаат на „Макпетрол“ АД Скопје. Според тоа, на „Макпетрол“ АД Скопје никој ништо не му подарува, се наведува во соопштението.

Компанијата посочува дека државата купува капитален објект по реална цена и оти од „Макпетрол“ се купува функционален гасовод во должина од 205 километри.

– Само за потсетување на оние кои имаат кратко паметење. Владата на РСМ, пред 4,5 години, го изгради најскапиот гасовод во светот. За кракот од Клечовце до Штип во должина од 60,6 километри потрошени се 76,7 милиони американски долари или околу 65 милиони евра –мртва инвестиција која до ден денес не функционира, а од „Макпетрол“ се купува функционален гасовод во должина од 205 километри, се вели во соопштението.

Во однос на сопственичката структура, од „Макпетрол“ упатуваат дека таа е јавно достапна и може да се провери, а ги демантираат информациите дека телевизија Телма се продава на бугарски инвеститори.

– Станува збор за класична конструкција и манипулација, која нема допирна точка со реалноста. Ги прашуваме пратениците од опозицијата, ако се толку многу загрижени за граѓаните во нашата држава, зошто експресно и без дискусија беше изгласан Законот за финансирање на политичките партии од буџетот на РСМ? Дали тука водеа сметка за парите и за потребите на граѓаните или за своите лични интереси? Јавноста во Државата треба да знае дека говорот на омраза и навредите упатени кон „Макпетрол“, ТВ Телма и нивното раководство од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се последица на неостварената желба на нивниот лидер да влијае врз уредничката програма на ТВ Телма. ТВ Телма отсекогаш била неутрален и објективен медиум, таков ќе остане и во иднина, и никогаш нема да служи за остварување на ничии партиски цели и интереси, велат од „Макпетрол“.

Тагови
реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе