Мамограм на дојка треба да се прави порано од 50-тата година

Според новите препораки објавени денеска од страна на Работната група за превенција на САД, жените треба да почнат да прават мамографски преглед на 40-годишна возраст, наместо на 50 години, како што беше претходно советувано.

Станува збор за ажурирана препорака од 2016 година, кога оваа независна група експерти препорача дека мамографијата, рендген на градите, треба да се започне на возраст од 50 години, а одлуката на жените да подлежат на скрининг во нивните 40-ти „треба да биде индивидуална“, пишува CNN.

Некои групи, како што е Американското здружение за рак, веќе препорачаа жените да прават мамограми почнувајќи од 40-годишна возраст.

„Новата препорака на работната група е жените да започнат со мамографски скрининг за рак на дојка на 40-годишна возраст и секоја втора година потоа до 74-тата година“, рече заменик-претседателката на работната група, д-р Ванда Николсон, професорка на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Промената на препораката е резултат на новите научни сознанија, велат експертите. Според Националниот институт за рак, стапката на рак на дојка кај жените на возраст од 40 до 49 години се зголемила во просек за 2 отсто годишно од 2015 до 2019 година.

Работната група процени дека новите препораки би можеле да спречат барем една дополнителна смрт од рак на дојка на секои 1.000 жени.

„Благодарение на нашата нова препорака, ќе бидат спасени 20 отсто повеќе животи на пациенти“, рече Николсон.

Но, некои експерти веруваат дека жените треба да прават мамограм секоја година, особено по 50-тата година од животот. Меѓу нив е и д-р Мелиса Дуранд, радиолог и вонреден професор на Медицинскиот факултет на Јеил, која смета дека „годишниот скрининг може да открие најголем број на канцери бидејќи тие се најмали по големина и третманот е најефикасен“.

Радиолозите, исто така, прашаа зошто работната група не препорачува годишни прегледи за жени со густо ткиво на дојка, што го отежнува откривањето на ракот.

„Ако вашиот мамограм покажува дека ткивото на дојката е густо, треба или да правите мамограм секоја година или некој друг вид на преглед, како што е ултразвучен преглед или магнетна резонанца“, вели д-р Дуранд.

реклама

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе