Англискиот премиерлигаш го откри дизајнот на дресовите за наредната сезона кои огнено крштевање ќе имаат вечер во полуфиналето од ФА Купот.
„Граѓаните“ вечерва од 20:45 часот на „Вембли“ во нови дресови ќе истрчаат против тимот на Арсенал во битка за пласман во големото финале од ФА Купот.
Тимот на Пеп Гуардиола ги откри дресовите кои играчите ќе ги носат во новата сезона, истите се веќе пуштени во продажба, а играчите ќе ги пробаат уште вечер.
„Сакаме на навивачите да им дадеме дизајн кој само Манчестер Сити може да го носи и никој друг тим во светот“, вели Улрих Планер, вработен во Puma, компанија која ги изработи дресовите.