Марадона излезе од болница: Тој е пациент кој живее во екстреми

Легендарниот фудбалер Диего Марадона излезе од болница и е префрлен „на приватна локација каде ќе се лечи од зависноста од алкохол“.

Психологот на Марадона претходно изјави дека Аргентинецот е во стабилна состојба во приватна клиника каде се опоравува од операцијата на главата. Марадона беше опериран минатата недела затоа што имал субдурален хематом или акумулација на крв помеѓу мембраната и мозокот.

URL
URL

Неговиот невролог Леополдо Луке изјави дека проблемот е веројатно предизвикан од незгода, а Марадона (60) рекол дека не се сеќава како дошло до тоа.

Психологот на Марадона, Диего Дијаз, кој се грижеше за него во приватната клиника Оливос, изјави вчера дека на легендарниот фудбалер му се потребни лекари, терапија и „голема поддршка од неговото семејство“.

URL

Тој изјави дека статусот на национален спортски херој не го спречува Марадона да ги добие истите здравствени проблеми како и другите.

„Во одредени работи, Диего Марадона е како и секој друг... Со истите ограничувања, тешкотии и предности што ги има секое човечко суштество. Сега најважно е тој да биде стабилен, да се контролира во однос на фармаколошките проблеми и нивоата на исхрана и одмор“, рече Дијаз.

„Потоа ќе може да се продолжи со системот за пациенти како Диего Марадона. Мора да биде во присуство на терапевти, медицински сестри, лекари и што е најважно, неговото семејство“, додаде тој.

Д-р Луке за Radio Red изјави дека Марадона ќе биде префрлен „на приватна локација“ во близина на Буенос Аирес, во близина на неговите ќерки Далма и Џанина, што значи дека засега ќе паузира со менаџерската работа.

„Тој е пациент кој живее во екстреми“, рече Луке, додавајќи дека Марадона мора да го запре стресот што е штетен за неговото здравје.

URL

Сепак, фудбалската легенда неодамна изјави дека сака да продолжи да работи.

Луке рече дека Марадона, кој претходно се лечеше од зависност од дрога, го намалил внесот на алкохол, но дека дури и мали количини може да имаат негативен ефект во комбинација со лековите што му се потребни за закрепнување.

Марадона беше примен во болницата во Ла Плата на 2 ноември поради анемија, дехидрираност и знаци на депресија, а деталните прегледи открија крварење во мозокот, а на 4 ноември беше итно опериран.

URL
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Живот

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Read more

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Read more

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Read more

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе