Марго Роби најави пауза од актерството по големиот успех на филмот „Барби“

Иако е на врвот на популарноста, Марго Роби неодамна ги изненади сите со изјавата дека планира да се повлече од актерството на одредено време за да не се добие впечаток дека „излегува од фрижидер“.

Марго Роби моментално важи за една од најбараните и најпопуларните актерки во Холивуд. Само дел од продукциите во кои имавме можност да ја погледнеме се „Волкот од Волстрит“, „Облогот на векот“, „Легендата за Тарзан“, „Беше еднаш во Холивуд“, „Вавилон“ и други, а најмногу внимание привлече филмот „Барби“ во кој Марго ја имаше главната улога.

„Мислам дека на сите веројатно им е лошо да ме гледаат во моментов. Можеби треба да се тргнам од екранот некое време. Искрено, ако снимам друг филм прерано, луѓето би рекле: „Повторно таа? Цело лето ја гледавме, не сакаме повеќе“. Не знам кој е мојот следен потег“, изјави таа за „Дедлајн“.

Сепак, вели дека има голема желба да режира свој филм.

„Навистина сакам да режирам. Последните седум години чувствувам дека сакам да режирам. Но, тоа секогаш го гледав како привилегија, а не како право“, истакна Марго и додаде:

„Полека работев на чувството дека заслужувам да режирам. Тешко е затоа што имав среќа да работам и да учам од толку многу големи режисери. Честопати, кога ќе ми дојде некој проект, си помислувам: „Зарем не би било одлично да глумам во него само за да видам како го режираат“, изјави искрено актерката.

„Не брзам бидејќи чувствувам дека никогаш нема да има доволно време да ги научам сите работи што сакам да ги научам пред да се одлучам на тој чекор, но дефинитивно сакам да го направам тоа“, заклучи Марго Роби.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Филм & ТВ

Кортни Кокс тврди дека Метју Пери ја посетува и по смртта: Чувствувам дека е тука

Read more

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more
 

Сцена

Кортни Кокс тврди дека Метју Пери ја посетува и по смртта: Чувствувам дека е тука

Читај повеќе
  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе