Маричиќ: И 100 години да траат преговорите со Бугарија, добро знаеме кои сме и што сме

Во одредени кругови во Бугарија има некакви тези за македонскиот идентитет, но и 100 години да трае процесот не може да има ефект на промена на идентитетот. Ние знаеме кои сме и што сме и знаеме дека нација не се создава или брише со одлука, вели вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Во денешното гостување во „Утрински брифинг“, Маричиќ  рече дека тоа не може да биде целта во 2022 година и во 21 век и дека до настанот во Битола текот на разговорите бил со достоинство и на ниво на партнери и НАТО сојузници.

– Важно е да не се остави да се променат атмосферата и наративот. Да не дозволиме да превладее национализмот и радикализмот, рече Маричиќ.

Тој додаде дека интензивно се работи со Бугарија во повеќе области и преку работните групи и на највисоко политичко ниво и дека сите прашања се на маса, но останува да се види дали ќе се успее да се постигне договор и да се подигне ветото.

Вицепремиерот Маричиќ истакна дека ние сакаме да продолжиме во една пријателска насока, но со цел да се најде решение, да се тргне ветото, повторно без врзување за датуми, во спротивно јазот може само да се зголемува и да се продлабочува.

– Трпението на двете страни ќе биде сигурно намалено, ентузијазмот за решавање исто така. Ние не се откажуваме од членството во ЕУ, не се откажуваме од реформите, не се откажуваме од желбата Северна Македонија да биде членка на ЕУ и европска држава со сите стандарди. Тоа е таа агенда од која оваа Влада нема никогаш да се откаже. Тоа не значи дека сме подготвени на какво било решение, на решение коешто би го нарушило нашето достоинство, идентитет и нашите интереси, нагласи Маричиќ.

Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе