Маричиќ: Иако имаме спротивни ставови, духот на средбата беше конструктивен

Разменивме идеи околу тоа како може во наредна фаза и Собранието и Владата да се постават за европскиот предлог. Иако имавме различни ставови по многу прашања, духот беше конструктивен и мислам е добро да има вакви средби, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по денешната средба на партиските работни групи во Клубот на пратеници посветена на разгледување на последниот француски предлог за укинување на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската Унија.

Маричиќ посочи дека на состанокот ги изнеле нивните позиции, како СДСМ и Владата дека овој предлог ги задоволува или излегува во пресрет на очекувањата на нашата земја.

Дополнително, како што информира тој, предложиле текст со предлог заклучоци.

ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, изнесе и други идеи поврзани со евентуални промени на преговарачката рамка.

– Беше добра почетна средба со овие позиции и мислам дека во наредните денови треба да продолжиме да разговараме, дали вечер, утре или наредните денови постои желба да се разговара на оваа тема, изјави Маричиќ.

Вицепремиерот посочи оти објасниле за механизмите за заштита на нашиот национален идентитет.

– ВМРО-ДПМНЕ изнесе ставови кои ние веќе сме ги разговарале и во преговарачкиот процес, мислам ако продолжиме со разговори може да се надеваме на некакво поместување. Самиот факт што сме тука и ги отворивме ставовите, имаше и предлози од Павле Трајанов, имавме активно учество и од ДУИ и од Алијанса за Албанците, како опозициска албанска партија и мислам од сите актери имаше атмосфера во која треба да се продолжат разговорите, рече Маричиќ.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе