Маричиќ се сретна со жртва од „Јавна соба“, вети член во кој се вметнува терминот „Демнење“

Скопје, 30 јануари 2021 (МИА) – Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретнал и разговарал со Ана, една од дeвoјките жртви на групата „Јавна Соба“.

Како што соопштија од Министерството, Маричиќ ѝ честитал на храброста јавно да проговори за нејзините премрежја и за нејзиниот јавен настап кој предизвика навистина силна општествена реакција.

Исто така, од Министерството за правда посочија дека денеска беа презентирани и законските измени кои Министерството веќе ги подготви, а со кој се воведува и ново дело кое ќе биде дополнителна заштита, меѓу другите и за вакви случаи. Поточно, ќе се додаде член во кој се вметнува терминот „Демнење“.

-Имено, во нив меѓу другото се додава член, во кој се вметнува терминот „Демнење“ и се објаснува дека тој што истрајно и за подолго време неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, соопштија од Министерството.

Маричиќ на Ана ѝ порачал дека не е сама во оваа битка и дека сите жртви ја имаат целата поддршка.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе