Маричиќ: Спорните имиња можно е да се спречат со нов закон за здруженија и фондации

Спорните имиња и називи на граѓански организации можно е да се спречуваат со нов закон за здруженија и фондации, оценува Бојан Маричиќ, поранешен министер за правда, сега вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ. Сегашната состојбата, според Маричиќ, доаѓа поради тоа што имаме еден од најлибералните закони во Европа за регистрација на Здруженија.

– Навистина неселективно се регистрираа здруженија и тоа во праксата покажува извесни проблеми. Имаше еден случај, има и други такви случаи. Иако ние сме се одлучиле за најлиберална регистрација затоа што во минатото сме имале и случаи пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур каде што имаме изгубено како држава. Факт е дека има потреба од креирање на таков регистар бидејќи нели ограничувањето на слободата на здружувања се јасно дефинирани и тие имаат определени граници и гарантирана со Уставот. Кај нас е слободата на здружувањето гарантирана со Уставот, истакна Маричиќ.

Тој вели дека има информации дека се подготвува нов закон.

– Министерот Тупанчевски е најрелевантен да го каже тоа, но според моите информации се подготвува нов закон за здруженија и фондации врз основа на кој ќе треба да се направи и таков регистар кој што ќе биде, или генерички ќе објасни каков тип на имиња не би биле дозволени на здруженијата, каков тип на називите, или пак точно кои поединечно ќе ги наброи кои називи не се дозволени. Мислам дека тоа е потребно, секако. Тоа не смее да значи и не може да значи ускратување на било чие право. Исто така треба да се има предвид и јавниот интерес и она што може да ја вознемири јавноста или би одело против принципите на демократијата, слободата и демокрастскиот систем кој е воведен кај нас во Северна Македонија со Уставот, истакна Маричиќ од Тетово, каде се приклучи на предизборната кампања со кандидатите за советници.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе