Маричиќ: Вредна е за разгледување идејата за брз влез во ЕУ со замрзнато право на вето

Постојат идеи кои се презентирани од некои организации, аналитичари и тинк-тенкови особено од Париз и Виена. Има поединци кои ја промовираат идејата да се даде поскорешен датум за членство на државите од Западен Балкан, но со одредени нетипични дерогации. Одредени права да им бидат замрзнати првите пет или 10 години, како правото на вето или правото на комесар, истакна вечерва вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24 нагласи дека тоа е идеја за која вреди да се разговара, бидејќи за нас е битно да влеземе во системот за политичко одлучување преку Европскиот парламент и Советот за министри што поскоро.

– Правото на вето и правото да се избира комесар од кај нас дури и да дојдат подоцна не е страшен проблем, бидејќи секако на државите им требаат пет до 10 години да се социјализираат во тој нов систем. Ние сакаме во ЕУ заради прифаќањето на тие вредности и стандарди, влез на заедничкиот пазар и учество во крупните одлуки, рече Маричиќ.

Според вицепремиерот подобро е да сме на маса, отколку да чекаме уште 10 години за ЕУ да се реформира и секако да ги немаме тие права.

Тој потенцираше дека не може да велиме дека сме за ЕУ, а да не носиме одлуки за тоа.

– Ние треба да сфатиме дека не е возможно да притискаме на кочница и гас во исто време. Не може да велиме дека сме за ЕУ, а да не ги носиме одлуките кои не носат таму. Колегите од опозицијата мора тоа да го прифатат и да изберат. Оваа година е клучна за расчистување на овие дилеми, посочи Маричиќ.

Тој додаде дека не е возможно, искорено и чесно да се тврди дека сте за членство во ЕУ, но „под наши услови бидејќи ниту една држава не влегла под свои услови“.

– Имаме договор кој ни гарантира брз почеток на наредната фаза од преговорите, што потоа ќе покаже дека во однос на многу прашања сме понапред дури и од држави кои преговараат 10 години, рече Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека парламентарните избори немаат никаква врска со уставните измени и дека двотретинското мнозинство е потребно за државата да оди напред, а не за Владата.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе