Марс влезе во Стрелец: Што ни се подготвува во наредниот еден и пол месец?

Макфакс/Кајгана
/ 26.11.2023 / 12:06

Во петокот Марс влезе во Стрелец и таму ќе остане до 4 јануари следната година. Што ни носи овој транзит?

Марс, господар на енергијата, амбицијата, младоста, но и на агресијата, влезе во Стрелец. Бидејќи Јупитер е владејачката планета на овој знак, негативноста на Марс ќе се ублажи бидејќи Јупитер ќе ја контролира енергијата на другата планета. Ова ќе предизвика голем авантуризам кај поединци, а армијата, полицијата и медицинската гранка ќе напредуваат на нереално ниво. Новите резултати од истражувањето што ќе се постигнат во овој период ќе имаат корист за човештвото. Акцентот ќе биде ставен на зачувувањето на културното наследство и филозофското богатство.

Овен

Во наредниот период на Овните им се смее некое наследство. Доколку долго време сакате да патувате во странство, Марс ќе ве поттикне конечно да го направите тоа. Ќе уживате во учењето за разни култури. Сепак, внимавајте вашата смелост да не ве натера да преминете некои граници. Можеби сте особено арогантни и не сте подготвени да слушате туѓи мислења. Исто така, ова е добро време да се вратите во форма.

Бик

Ако сте слободни, набргу може да најдете љубов. Ако сте во пар, вашиот дух за авантура може да предизвика проблеми во врските. Внимавајте да не влезете во контроверзни ситуации и партнерот ќе ви се заблагодари за тоа. Проблеми ќе настанат и доколку сакате да се преселите во странство, а вашиот партнер не дели исти желби. Обидете се да го решите ова на најмирен можен начин.

Близнаци

Можно е да најдете љубов меѓу вашите пријатели, што исто така ќе ја заврши вашата потрага по сродна душа. Во овој период ќе се решат сите проблеми во бракот. На деловен план, ќе се здружите со вистинските луѓе и ќе го удвоите вашиот приход. Сепак, погрижете се добро да ги разјасните правилата за да избегнете подоцнежни конфликти. Оние што се во врска мора многу да внимаваат да не го задушат партнерот.

Рак

Ќе бидете многу успешни за време на овој транзит. Сè што правите на работа ќе ви се исплати, а интервјуата за работа ќе бидат успешни. Сепак, многу е важно да се биде педантен кога е во прашање работната етика. Можеби ќе почувствувате недостиг на ентузијазам кога станува збор за вашето хоби. Партнерот исто така ќе се чувствува запоставено, па можни се постојани конфликти. Иако ќе имате успех во кариерата, самодовербата ќе ви биде разнишана. Оние што се сами во овој период не треба да ги признаваат своите чувства кон симпатијата.

Лав

Ќе им посветите многу време на родителите и ќе се трудите да бидете тука за нив. Тоа ќе го направите така што ќе им помогнете во домашните работи. Од друга страна, ќе бидете многу посветени на вашите хоби, а можеби ќе имате и желба да патувате во странство. Оние што студираат, ќе може да се посветат на студиите и ќе бидат многу концентрирани. Оние што се обидуваат да имаат бебе, ќе успеат да зачнат.

Девица

Можеби ќе поминувате повеќе време опкружени со семејството. Ќе се посветите на односите со вашите најблиски. Во овој период може да добиете и наследство. Ако се заинтересирате за окултни теми, внимавајте да не паднете на лажни приказни. Ќе се чувствувате поенергично ако останете дома, но веројатно поради тоа ќе поминувате повеќе време на социјалните мрежи. Размислете за продажба на вашиот дом или имот.

Вага

Марс влегува во Стрелец и во наредниот период ќе бидете подготвени да стапите во брак. Оние што се веќе во брак, ќе уживаат во вашата врска. Можно е, предводени од ова добро расположение, да се одлучите да заминете на кратко патување. На деловен план можно е потпишување нови договори. Ако имате можност да инвестирате во имот, направете го тоа. Тоа ќе се покаже како многу профитабилно на долг рок. Ќе поминете многу време во комуникација на телефон.

Скорпија

Овој транзит ќе ве зближи со вашето семејство. Иако ќе поминувате многу време заедно, можно е да настанат расправии поради разликите во мислењата. Прифатете здрава рутина за себе и охрабрете ги членовите на вашето семејство да ја следат. Во овој период ќе бидете многу чувствителни на забите, а можни се и проблеми со цревата. На деловен план ќе ги воодушевите луѓето со вашите комуникациски вештини. Лесно ќе го придобиете вниманието на вашите соговорници.

Стрелец

Во периодот што следува, кога Марс ќе влезе во вашиот знак, ќе бидете опседнати со партнерот. Можно е да отиде до крајност и да бидете многу љубоморни и посесивни, што не е нормално за вас. Покрај тоа, ќе бидете подготвени да потрошите голема сума пари за да ги остварите вашите соништа. Иако ќе бидете исцрпени, ова ќе биде поволен период за учење и полагање испити. Сепак, обидете се да најдете време да се опуштите.

Јарец

Овој транзит може да ви донесе среќа кога станува збор за продажба на недвижен имот. Меѓутоа, за да успеете во тоа, потребно е да бидете внимателни со располагањето со финансиите. Воздржете се од трошење на сите ваши заштеди. Ова ќе биде неповолен период за вашите односи со луѓето и можно е да изгубите важен пријател. Тоа ќе направи да се чувствувате осамено. Тие што сакаат да живеат во странство, конечно, ќе може да го сторат тоа.

Водолија

Ќе успеете да си добиете покачување. Ако сте невработени, ќе добиете работа која добро се плаќа, затоа не откажувајте се од активно барање работа. Размислете за работа во медиумите, што исто така има елементи на истражувачко известување. Ќе стекнувате нови пријатели на работното место, иако нема да бидете премногу комуникативни. Ќе им бидете голема поддршка на вашите најблиски роднини доколку се најдат во проблем.

Риби

Ќе блескате на работни места што ќе бараат од вас вештини за зборување. Доколку сте во процес на барање работа, ќе ја најдете работата за која отсекогаш сте сонувале. Семејството ќе ве поддржи во унапредувањето на кариерата, дури и ако таа работа е во странство. Ако се обидете да најдете иновативни решенија и да бидете расположени за експерименти, тоа ќе ги инспирира другите. Вашите претпоставени ќе ги ценат вашите напори.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе