Марс во Рак ќе тресе до 30 јуни: Кој да внимава со кредити, а на кого ќе му цвета љубовта?

Дознајте сè за влијанието на Марс во Рак врз сите знаци на хороскопот.

Марс влезе во Рак на 10 мај во 11:02 часот и ќе остане таму до 30 јуни. Овој воден знак на Зодијакот е местото на најслабата положба на Марс, а еве како тоа ќе влијае на сите знаци од хороскопот.

Овен

Марс е вашата главна планета, па затоа треба особено да внимавате на вашето здравје. Ако чувствувате дека вообичаениот ритам не ви одговара, успорете. Односите со семејството би можеле драстично да се влошат. Не е најдобро време да започнете со реновирање.

Бик

Вашата волја слабее, имате тенденција да одолговлекувате, мрзливи сте да ги завршите обврските. Пешачењето, патувањето и новите искуства ќе ви помогнат да излезете од оваа безволност. Не е најдобро време за донесување важни одлуки, ако е можно - одложете ги. Советите на партнерот не се секогаш точни, потпирајте се на вашата интуиција.

Близнаци

Во овој период нема да ви биде лесно да заштедите. Ќе ве обземе чувството на страв дека вашите соништа никогаш нема да се остварат. Размислете колку веќе сте постигнале, запомнете ги сите ваши успеси. Не е најдобро време за подигање на кредит и пазете се од измамници.

Рак

Ќе бидете поуморни од вообичаено, внимавајте на вашето здравје, особено на главата - можни се мигрени. Одите на работа и тешко ги завршувате задачите. Очекувајте непланирани трошоци, паметно би било да донирате барем мала сума на пари, за да избегнете „збогување“ со поголема во иднина. Љубовните односи се затегнати.

Лав

Во овој период треба да внимавате на блиските соработници и тајните непријатели. Можно е да има скриени намери кои може да се провлечат покрај вас, а кои не ви носат ништо добро. Ќе бидете склони кон тајни љубовни авантури, а советот е да избегнувате ризици во сите сфери на животот. Некои Лавови ќе се стремат кон изолација.

Девица

Не планирајте ништо, живејте во моментот! Не е погодно време да се работи на реализација на претходно зацртаните планови. Ова е само привремено, почекајте поповолен момент. Одложете судски спорови, ако ги имате. Ако сакате да почнете да заработувате од вашето хоби, тогаш подобро е да го направите подоцна, на пример, на крајот на август.

Вага

Конфликтите на работа би можеле да ескалираат, а тешко дека ќе ги решите проблемите на мирен начин. Во љубовта ви „не цветаат ружи“, но во периодот на Марс во Рак не треба да носите судбински одлуки. Во никој случај не се препорачува да му позајмите пари на партнерот доколку очекувате да ви ги врати. Ќе внесете уште поголем раздор во врската.

Скорпија

Марс е вашата најважна планета и особено е важно да се грижите за себе, ќе имате многу помалку сила и енергија. Во овој период вашите „непријатели“ ќе бидат активни, но вие успевате да се справите со нив. Намалете го внесот на алкохол и храна, органите за варење, желудникот и црниот дроб се чувствителни.

Стрелец

Ќе бидете во искушение да се обратите кај гатачи, читачи на тарот карти од кои ќе очекувате да ги решат вашите животни проблеми. Советите на ѕвездите е да ја следите интуицијата, ќе ви открие како треба да се однесувате и какви одлуки да донесете. Од силна желба да профункционира вашата врска, некако „превртувате сè “ и тоа нема да заврши добро. Опуштете се.

Јарец

Сферата на партнерство е на удар од Марс. Ќе мора длабоко да ги анализирате причините за проблемите и несогласувањата, единствениот начин ќе најдете решение и ќе свртите нов лист. Ќе има расправии, но ќе излезете од тежок период. Ќе имате моменти кога ќе ви се чини дека ништо не ви оди како што треба, „лекот“ е да се почестите со работи за кои долго размислувате.

Водолија

Можен е пад на имунитетот, па немојте да се чудите ако се чувствувате исцрпено и летаргично. Ви недостига енергија. Иако имате тенденција постојано да менувате нешто, сега е попаметно да одите по „добро проверен пат“. Подобро е да ги одложите хипотеките и заемите за подоцна. Ако имате долгови, потребно е многу труд за да ги исплатите.

Риби

Марс спаѓа во 5-тото поле од вашиот хороскоп, кое е одговорно за децата, креативноста, образованието, но можни се проблеми и конфликти токму во овие сфери. Ќе имате желба да вложите пари во некои проекти и да ги потрошите вашите заштеди, но не ви се советува да го правите тоа, освен ако ситуацијата не е алармантна.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе