Март бил потопол, но и со натпросечни количества на врнежи

Март годинава бил потопол од вообичаеното, но и со натпросечни количества на врнежи, односно екстремно влажно време. Над 15 дена во месецот средната дневна температура, со исклучок на Маврово, била над 5 степени од вообичаеното.

Највисоката максимална температура била 25,9 степени во Гевгелија и е измерена на 13 март, додека најниската -9,1 степен е измерена во Маврово на 24 март.

Споредено со многугодишните средномесечни температури, годинава во март вредностите се повисоки за 1 степен на ниво на држава. Средната месечна температура варирала од 2,2°С во Маврово до 9,9°С во Гевгелија.

Врнежите биле застапени во текот на целиот месец, но најмногу во првата декада. Тогаш или поточно на 8 март се измерени и максимални 22 сантиметри снежна покривка.

Месечната сума на врнежи варирала од 68 мм на Зајчев Рид кај Скопје до 186 мм во Маврово, додека максималната дневна сума на врнежи од 50 мм била регистрирана во Крива Паланка на 8 март. На Зајчев Рид кај Скопје, како и во Охрид и Крива Паланка се надминати апсолутните максимални еднодневни врнежи (1961-1990).

Споредено со мартовската многугодишна просечна сума (1981-2010), средната месечна сума на врнежи годинава во март била 60 мм или 128 проценти поголема од просечната на ниво на држава.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе