Маск: Ќе си направам мој телефон ако ме исфрлат од Apple и Google Store

Сопственикот на Twitter, Илон Маск, ја поддржа идејата за создавање „алтернативен телефон“, во случај Apple и Google да ја отстранат неговата платформа од Apple Store и Play Store.

Тој ѝ одговори на објавата на конзервативната коментаторка Лиз Вилер дека треба „сам да направи свој уред, доколку има блокада“.

„Секако, но се надевам дека нема да дојде до тоа. Ако нема друг избор, ќе направам алтернативен телефон“, напиша Маск.

URL

Маск неодамна направи одредени промени на Twitter. Го обнови профилот на поранешниот претседател Доналд Трамп, направи анкета во која корисниците беа поканети да коментираат за можна масовна амнестија на суспендирани профили (доколку не го прекршиле законот или не се вклучени во спамирање).

URL

Последниот коментар на Маск доаѓа откако Фил Шилер, одговорен за водењето на Apple Store, го избриша профилот на Twitter, пишува New York Post.

Сега се поставува прашањето дали цврстиот став на Маск за слобода на говорот може да доведе до прекршување одредени правила на Apple и Google Store.

Џоел Рот, поранешен шеф на одделот за безбедност на Twitter, смета дека социјалната платформа ризикува да биде блокирана доколку не ги почитува правилата.

„Ова би го отежнало пристапот до Twitter услугите за милиони потенцијални корисници“, изјави тој.

Сигурно е дека Twitter би бил лишен од голема добивка, па најавата за евентуален „алтернативен телефон“ не треба да изненадува.

На интернет ќе видите дека повеќе сајтови пишуваат за „новиот телефон“ на Маск, но засега нема ништо од тоа. Приказната е од 2020 година кога италијанскиот дизајнер Антонио Де Роса претстави негова визија која ги обединува технологиите на Tesla и на SpaceX.

Remote video URL
Тагови
реклама

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе