Илон Маск повторно е на врвот на листата на Bloomberg на најбогати луѓе во светот.
Извршниот директор на Tesla во декември беше соборен од првото место од Бернар Арно, извршен директор на конгломератот на француските луксузни брендови LVMH, па Маск беше бр.2 на листата повеќе од два месеци.
Од вчера, растот на акциите на Tesla го врати Маск на врвот на индексот на милијардери во реално време, пишува CNN.
Нето богатството на Маск беше околу 187,1 милијарди долари по затворањето на пазарот во понеделникот, според Bloomberg, надминувајќи го богатството на Арно од 185,3 милијарди долари.
Акциите на Tesla (TSLA) драстично паднаа минатата година поради проблематичното купување на Twitter од Маск и поширокиот пад на технолошкиот пазар, но оттогаш акциите на производителот на електрични возила се зголемија.
Маск ја носи титулата најбогат човек во светот, но го држи и рекордот за најголемо богатство што некој го изгубил во историјата.
Кон крајот на минатата година, Маск стана првиот човек кој загуби 200 милијарди долари, откако неговото нето богатство падна од околу 340 милијарди долари во ноември 2021 година на 137 милијарди долари во декември 2022 година.