Маск сепак ќе продолжи да го финансира Starlink интернетот за Украина

Илон Маск најави продолжување на финансирањето на мрежата Starlink во Украина, иако пред само неколку дена го кажа спротивното.

Основачот на приватната американска вселенска компанија SpaceX, Илон Маск изјави дека ќе продолжи да ја финансира интернет мрежата Starlink во Украина.

Само еден ден пред оваа одлука, Маск ги повика американските власти да продолжат со финансирањето на Starlink, наведувајќи дека неговата компанија не може да ја финансира таа мрежа на неодредено време.

На 15 октомври, американскиот милијардер се премисли, велејќи дека ќе продолжи да ја финансира таа украинска мрежа, а од почетокот на војната во Украина, SpaceX испорача, ако се верува во претходните извештаи, околу 25.000 уреди кои обезбедуваат интернет поврзување преку сателити кои заедно ја формираат мрежата Starlink.

Мрежата Starlink  помогна во одржувањето на интернет покриеноста во областите на Украина кои беа цел на руската војска.

Сепак, од јуни, околу 15 отсто од постојната интернет инфраструктура на Украина е уништена или оштетена, објавија неодамна тамошните власти. Поради непочитување на одредени високи претставници на Украина, Маск пред само неколку дена изјави дека ќе престане да дава интернет услуги за таа земја, но, како што сега е јасно, тоа нема да се случи.

Бидејќи Starlink се користи за воени цели, некои кинески официјални лица повикаа на уништување на сателитите на Илон Маск.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе