Јапонскиот произведувач денеска ги објави плановите за проширување на својата понуда на SUV модели до 2022 година.
Два нови модели, Mazda CX-60 и Mazda CX-80 ќе бидат претставени на европскиот пазар во следните две години, соопштија од јапонската компанија.
За да ги задоволат потребите на сегментот, ќе понудат поголем избор на SUV модели на европските купувачи.
Во исто време, новите модели од групата на големи SUV автомобили, CX-70, CX-90 и CX-50 од групата на мали кросовери ќе бидат претставени во САД и на неколку други пазари надвор од Европа.
Од Mazda очекуваат дека новите европски модели, CX-60 и CX-80 ќе бидат многу успешни.
Mazda CX-60 и CX-80 ќе бидат достапни со два и три реда седишта и ќе имаат plug-in хибриден погон.
Од Mazda соопштија дека во текот на првата половина на 2022 година ќе биде претставена и новата верзија на електричниот автомобил на Mazda MX-30.
Oд 2025 година од компанијата ќе претстават нови автомобили со електричен погон.