Маж со автомобил удри во група демонстранти во Сиетл, во американската сојузна држава Вашингтон.
Возачот потоа изегол од автомобилот и почнал да пука во демонстрантите кои протестираат против полициската бруталност, по убиството на Џорџ Флојд.
Еден човек е повреден и пренесен во болница.
Напаѓачот e приведен, а полицијата отвори истрага за инцидентот.
Афроамериканецот Џорџ Флојд ќе биде погребан денеска во Хјустон. Комеморацијата ќе трае шест часа, по што ќе биде погребан, пренесоа американски медиуми.
Флојд почина на 25 мај како последица на полициска бруталност при апсење. Неговата смрт предизвика протести против расна дискриминација и полициска бруталност низ САД и во светот.