Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Не може да правиш разлика со гласови од Роми, Турци и Бошњаци, а после да се повикуваш на албанска опција, рече денес претседателот на Демократско движење и носител на листа во Изборната единица 1 на коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити. Тој смета дека пречка на Демократската унија за интеграција (ДУИ) да стане албанскиот партнер во идната влада е и тоа што тие во 2016 година го прекршија договорот победник да коалицира со победник.

„Во 2008 година имаше мајски договор со кој беше предвидено победникот кај Албанците и победникот кај Македонците да коалицираат и да направат влада. Но, токму ДУИ во 2016 година тоа го прекрши бидејќи ВМРО доби 51 пратеник, СДС 49. ДУИ одлучи да го прекрши договорот, од оваа призма јас мислам дека добро направи тогаш што го прекрши договорот бидејќи имаше стратешки интереси и тоа беше потребно за државата, но кога ќе ги прекршиш договорите, немаш право истото да го бараш од другите, тоа е првиот факт. Вториот факт кој што не оди во прилог на нив е дека на овие избори заради ВРЕДИ, заради тоа што има силна опозиција, Ахмети спасот го бараше кај Ромите, Турците, Бошњаците... Тоа е легитимно што направи коалиција со нив, но веќе не може да се повикува дека тој е албанска опција. Така е бидејќи разликата во гласови ја направи со помош на малите заедници. Не може разлика да правиш со нив и после да се повикуваш на албанска опција. Тие веќе не се чиста албанска опција. Чиста албанска опција е само ВРЕДИ“, рече Меџити.

Со коалицирањето со партии на други помали заедници, Меџити смета дека ДУИ одбрале да бидат опозиција оти не би можеле да влезат во новата влада како коалиција.

„Сите знаеме дека ВМРО треба да ја води новата влада. Тие во коалицијата имаа турска партија, бошњачка партија, ромска партија, дури имаат и по две-три, така да немаат потреба од други партии од помалите заедници оти нема да има логика, сите од помалите заедници треба да бидат дел од владата, нема да остане никој во опозиција. Ништо не оди во прилог на ДУИ. Ние сме единствена албанска опција и убедени сме дека на 8 мај, на парламентарните избори, ние ќе бидеме легитимни претставници на Албанците како победници со најголем број гласови од Албанците, со најмногу пратеници Албанци во Собранието, ќе имаме бадентерово мнозинство, односно ги имаме сите фактори кои одат во прилог на една вистинска промена на оваа влада во Република Македонија“, рече Меџити.

Не сакаше да даде конкретен одговор на новинарско прашање кога би се отворил Уставот за во него да се внесат Бугарите. Место одговор тој кажа дека сега се фокусирани на 8 мај, а за с

„Во 2008 година имаше мајски договор со кој беше предвидено победникот кај Албанците и победникот кај Македонците да коалицираат и да направат влада. Но токму ДУИ во 2016 година тоа го прекрши бидејќи ВМРО доби 51 пратеник, СДС 49. ДУИ одлучи да го прекрши договорот, од оваа призма јас мислам дека добро направи тогаш што го прекрши договорот бидејќи имаше стратешки интереси и тоа беше потребно за државата, но кога ќе ги прекршиш договорите, немаш право истото да го бараш од другите, тоа е првиот факт. Вториот факт кој што не оди во прилог на нив е дека на овие избори заради ВЛЕН, заради тоа што има силна опозиција, Ахмети спасот го бараше кај Ромите, Турците, Бошњаците.. Тоа е легитимно што направи коалиција со нив, но веќе не може да се повикува дека тој е албанска опција. Така е бидејќи разликата во гласови ја направи со помош на малите заедници. Не може разлика да правиш со нив и после да се повикуваш на албанска опција. Тие веќе не се чиста албанска опција. Чиста албанска опција е само ВЛЕН“, рече Меџити.

Со коалицирањето со партии на други помали заедници, Меџити смета дека ДУИ одбрале да бидат опозиција оти не би можеле да влезат во новата влада како коалиција.
„Сите знаеме дека ВМРО треба да ја води новата влада. Тие во коалицијата имаа турска партија, бошњачка партија, ромска партија, дури имаат и по две – три така да немаат потреба од други партии од помалите заедници оти нема да има логика, сите од помалите заедници треба да бидат дел од владата, нема да остане никој во опозиција. Ништо не оди во прилог на ДУИ. Ние сме единствена албанска опција и убедени сме дека на осми мај, на парламентарните избори ние ќе бидеме легитимни претставници на Албанците како победници со најголем број гласови од Албанците, со најмногу пратеници Албанци во Собранието, ќе имаме бадентерово мнозинство, односно ги имаме сите фактори кои одат во прилог на една вистинска промена на оваа Влада во Република Македонија“, рече Меџити.

Не сакаше да даде конкретен одговор на новинарско прашање кога би се отворил Уставот за во него да се внесат Бугарите. Место одговор тој кажа дека сега се фокусирани на 8 мај, а за се понатаму ќе седнат на маса и ќе се договараат.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Македонија

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Read more

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Read more

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Read more

Палевски екстрадиран од Турција, синоќа стигна во „Шутка“

Read more
 

Вести

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе