Принцот Хари и Меган Маркл ја објавија првата фотографија од нивната ќерка Лилибет.
На фотографијата направена од фотографот Алекси Лубомирски, Меган ја држи ќерката Лилибет в раце, а со неа се принцот Хари и нивното прво дете - синот Арчи.
Да потсетиме, војводата и војвотката од Сасекс го добија второто дете, ќерката Лилибет, во јуни 2021 година.
Нивната наследничка го доби името по прабабата на Хари, британската кралица Елизабета Втора, која во кругот на семејството го добила прекарот Лилибет.
Лубомирски ги направи и официјалните фотографии и портрети на Хари и Меган за нивната свршувачка и за свадбата.
Божикниот портрет на четиричленото семејство Лубомирски го сними во нивниот дом во Калифорнија.
Честитката беше објавена со пораката: „Арчи нѐ направи мама и тато, а Лили нѐ направи семејство“, објави People.