Меган Маркл и принцот Хари добија ќерка

Меган Маркл и британскиот принц Хари станаа родители на девојче кое го доби името Лилибет „Лили“ Дијана Маунтбатен Виндзор.

Второто дете на парот е родено во петокот во болница во Санта Барбара, Калифорнија пренесе Reuters. Мајката и бебето се во добра состојба.

„На четврти јуни бевме благословени со пристигнувањето на нашата ќерка Лили. Таа е многу повеќе од тоа што можевме да го замислиме и сме благодарни на љубовта и молитвите коишто ги почувствуваме ширум светот“, наведоа Хари и Меган во соопштение. „Ви благодариме на вашата континуирана љубезност и поддршка во текот на ова посебно време за нашето семејство“, истакнаа тие.

Лилибет е прекарот на кралицата Елизабета, а средното име Дијана е избрано во чест на покојната мајка на принцот Хари.

Меган и Хари се венчаа во 2018 година и го имаат синот Арчи роден во мај, 2019 година. Веста за бременоста парот ја соопшти во февруари, а во текот на скандалозното интервју во март со Опра пред јавноста откри дека очекуваат ќерка. Тогаш Хари и Меган, меѓу другото, изјавија дека ги напуштиле кралските должности за да го заштитат семејството.

реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе