Меган Маркл обвинета за малтретирање на вработени во Кенсингтонската палата

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, е обвинета за малтретирање и омаловажување на вработени лица во Кенсингтонската палата.

Според обвинувањата, Меган „избркала двајца лични асистенти од домаќинството и потценувала трет член“.

Бакингемската палата вчера соопшти дека ќе спроведе истрага по пишувањата во весник дека поранешна работничка во Кенсингтонската палата навела дека била малтретирана од војвотката, пренесе Time.

Весникот The Times of London пренесе обвинувања дека војвотката избркала двајца лични асистенти и ги понижувала останатите вработени. Официјалното обвинување било доставено до нејзиниот секретар за односи со јавноста, Џејсон Кнауф кој сега работи за принцот Вилијам.

Од палатата велат дека се загрижени поради ваквите обвинувања, односно ќе се разгледаат околностите напишани во весникот и ќе се разговара со поранешните вработени лица спомнати во настанот.

Сите обвинувања се составени во октомври, 2018 година во мејл кој нејзиниот поранешен секретар за односи со јавноста ги упатил на личниот секретар на принцот Вилијам, па токму тој мејл е излезен во јавноста.

Од друга страна, портпаролот на Меган и Хари жестоко ги отфрла обвинувањата тврдејќи дека ова е најнов напад кон нив и дека всушност се жртва на „пресметана кампања на осрамотување која се основа на штетни дезинформации“.

Адвокатите на парот велат дека постојано се настојува да се наруши нивното достоинство и углед од страна на Бакингемската палата непосредно пред емитувањето на нивното големо интервју во кое Хари и Меган си ја отворија душата пред Опра Винфри.

Наведуваат дека Меган е растажена од овој последен напад на неа особено затоа што и самата била жртва на насилство и фактот дека е длабоко посветена кон давањето поддршка на оние кои доживеале траума и болка.

Во најавата за интервјуто кај Опра, Хари вели дека најголема грижа му е „историјата да не се повтори“, алудирајќи на смртта на неговата мајка и неподносливиот притисок од медиумите со кој принцезата Дијана се соочуваше, пренесе BBC.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе