Меѓународната вселенска станица синоќа прелета над македонското небо

Од 18:51 до кај 18:54 часот на македонското небо од северозапад према југоисток синоќа беше видлива Меѓународната вселенска станица, настан кој предизвика љубопитност кај вљубениците во вселената.

Италијанскиот астронаут Ињацио Мањани, кој редовно на својот профил на Twitter известува за настаните поврзани со МВС, синоќа ги натера македонските граѓани да ги наместат алармите за да го следат невообичаениот настан на небото, прелетувањето на МВС.

„Добро утро Северна Македонија“, почна Мањани уште утрото пред 8 часот по македонско време. „Меѓународната вселенска станица ќе биде видлива денеска со голо око (ако дозволат облаците) секаде (во држават, заб. на прев.) во 18:53 часот. Наместете го својот аларм, споделете ја најдобрата фотка“, порача тој.

URL

Временските услови навистина дозволија, а македонските граѓани кои не заборавија во тие 2-3 минути да погледнат низ прозорците или од терасите ја испратија МВС на своето брзо патувањето околу Земјата.

URL
URL

Меѓународната вселенска станица лета во ниската орбита со брзина од 27.600 km/h и за 92,68 минути прави круг околу Земјата, отприлика по 15,5 круга за 24 часа. Моментално десетчлен екипаж се наоѓа горе од кои петмина Руси, тројца Американци и по еден Французин и Јапонец.

URL
URL
Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе