Меланија Трамп добила „Ајнштајнова виза“ за да остане во САД

Првата дама на САД Меланија Трамп дошла да работи во САД како манекенка и така го запознала претседателот Доналд Трамп. Тоа е добро познато. Но, откритието дека ја стекнала дозволата за постојан престој како „имигрант со извонредни способности“, позната како „Ајнштајнова виза“, ги разбесна граѓаните на САД.

„Вашингтон пост“ вчера ја објави целосната вест околу скандалот, откако неколку медиуми шпекулираа на темата што ја разбранува американската и светската јавност, со оглед на строгата и непопустлива анти-имигрантска политика на Трамп.

Визата EB-1 е предвидена за доселеници кои се успешни и уживаат „траен национален или интернационален престиж“ во своето поле, без разлика дали се работи за бизнисмени, наградувани уметници или спортисти наградени со медали.

 

 

Во службената биографија на Меланија Трамп објавена на веб-страницата на Белата куќа пишува дека првата дама „ги ставила во мирување студиите“.

Колку ретко се издава овој тип на виза и кои се спецификациите за нејзино добивање, покажува фактот дека во 2001 година, кога ја добила Меланија, само 0,34% од доселениците кои добиле зелена карта, односно дозвола за постојан престој, добиле „Ајнштајнова виза“.

Ова не е првата виза што ја добила Меланија – откако дошла во САД со туристичка виза, неколку пати добила HB-1 виза за високо квалификувани мигранти, а потоа го запознала Трамп и две години подоцна добила EB-1.

Тоа не е сѐ. Нејзините родители се доселиле во САД и добиле зелена карта токму благодарение на Меланија и нејзината „Ајнштајнова виза“ – на основа на „ланчана миграција“, истата онаа на која Трамп денес најстрого се противи.

Адвокатот на Меланија тврди дека првата дама е „повеќе од квалификувана“ за виза EB-1, но очекувано, многу корисници на социјалните мрежи не се согласија со него.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе