Мемоарите на принцот Хари станаа најбрзо продавана книга во Велика Британија

Кајгана/МИА
/ 18.01.2023 / 13:06

Контроверзните мемоари на принцот Хари станаа најбрзо продаваната британска книга, од 1998 година досега, поточно откако се водат записи за тоа, објави ДПА.

Книгата го собори претходниот рекорд од 210.506 продадени примероци поставен од првата книга за готвење од серијата „Pinch of Yum Yum“, од Кеј Алисон во 2019 година. Според интернет-страната „Нелсен букдејта“, што собира и нуди податоци за дистрибуцијата и продажбата на книги, автобиографијата на Хари, „Spare“ ce продала во 467.183 примероци во првата седмица на пазарот.

Во книгата, принц Хари, на пример тврди дека неговиот брат, принцот Вилијам, физички го нападнал и се исмејувал со неговите напади на паника и дека татко им, кралот Чарлс Трети ги ставил своите интереси над оние на Хари и дека им бил „љубоморен“ на Меган и Кејт – сопругите на Хари и Вилијам.

Spare“, што всушност ја напиша американскиот автор Џ.Р. Моурингер е единствената нефикционална книга во првите 10 најбрзо продавани книги во Велика Британија. На врвот на овој список се четири книги за Хари Потер на Џ.К. Роулинг, а петта е „Изгубениот симбол“ од Ден Браун. „Spare“ е на шестото место.

Инаку, првата книга на листава – „Хари Потер и реликвиите на смртта“ е апсолутен рекордер. Таа се продаде во 2,63 милиони примероци во првата недела од објавувањето во 2007 година. 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе