Меркел ја одби понудата на Гутереш за работа во ОН, ќе пишува мемоари

Кајгана/МИА
/ 20.01.2022 / 09:26

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која на почетокот на декември  ја напушти функцијата по 16 години власт, ја одби понудата од генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, да работи во ОН, соопштија денеска од нејзиниот кабинет.

Меркел на 8 декември дефинитивно ја напушти политичката сцена и се посвети на пишување политички мемоари, велат оттаму.

Меркел минатата недела му се јавила на генералниот секретар на ОН, му се заблагодарила за понудата и му кажала дека нема да ја прифати.

Во соопштението не е прецизирано каков ангажман ѝ понудил Гутереш на поранешната германска канцеларка, но медиумите претходно јавија дека станува збор за претседавање со Советодавниот комитет на ОН за глобални јавни добра, што е еден од неговите водечки реформски проекти.

Меркел, која долго време најавуваше пензионирање по германските парламентарни избори во септември 2021 година во неколку наврати повтори дека не сака да преземе никаква нова функција по истекот на нејзиниот мандат.

Откако дефинитивно ја напушти политичката сцена на 8 декември, таа се посвети на пишување политички мемоари со нејзината поранешна советничка и блиска соработничка Беате Бауман.

-Нејзината цел е да ги објасни главните политички одлуки што ги донела за време на нејзините 16 години минати на власт, рече нејзиниот советник. 

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more
 

Вести

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе