Меркел се прости од политиката, еве што порача

Б.С.Б.
/ 03.12.2021 / 09:13

Германската војска со традиционална парада се збогува од германската канцеларка Ангела Меркел која за една недела, по 16 години власт, ќе замине во политичка историја.

Свеченоста, чии корени датираат од 16 век, е најголемата почест што германските оружени сили ги даваат на некој цивил.

Меркел им се заблагодари на соработниците и на семејството, а на наследникот Олаф Шолц му посака среќа.

„Шеснаесет години на местото на канцеларка беа исполнети со бројни настани и предизвици. Тие години за мене беа предизвик и во политичка и во човечка смисла. Но, тоа беше и време кое ме исполни“, изјави Меркел во краткиот говор.

Таа проговори и за антинаучните ставови во општеството, како и за сите присутни теории на заговор.

„Нашата демократија зависи и од нашата способност за критички дискурс и самоисправување. Зависи од разговор за интереси и меѓусебно почитување. Зависи од солидарност и доверба, особено на доверба во фактите. И насекаде каде научните факти се негираат, а се шират кампањи на омраза и теории на заговор, отпорот мора да биде силен и гласен“, порача Меркел.

Како најголеми предизвици ги наведе финансиската криза во 2008 година и бегалската во 2015 година.

„Тогаш сфатив колку се важни меѓународните институции и мултилатералните инструменти бидејќи кризите не познаваат граници“, рече Меркел.

URL
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more
 

Вести

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе