ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Меси проговори по заминувањето во МЛС: Да беше за пари ќе одев во Арабија

По 23 години, Лионел Меси ќе се проба на фудбалски терени надвор од Европа, откако реши да се пресели во американскиот Интер Мајами.

Она што се шпекулираше деновиве конечно се потврди синоќа - Лионел Меси оди во МЛС каде ќе игра за тимот на Интер Мајами.

Договорот на Аргентинецот со ПСЖ истекува ова лето. Барселона и некои саудиски клубови се наѕираа како негова следна дестинација, но тој сепак реши да замине во САД.

Неговите зборови ги пренесува познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.

URL

„Донесов одлука да одам во Мајами. Сè уште не е сè договорено, остануваат некои работи, но јас се решив на тој чекор. Идејата беше дека ако не се вратам во Барселона, ќе ја напуштам Европа, ќе се оддалечам од центарот на вниманието на големите стадиони и ќе се посветам на моето семејство“, рече Меси, по што објасни зошто одбил да се врати во Каталонија.

„Слушнав дека планирале да продадат играчи или да ги намалат платите за да ме донесат. Не сакав да преземам одговорност за такво нешто. Затоа ја донесов оваа одлука“.

„Од друга страна, откако го доживеав она што го доживеав, не сакав повторно да поминувам низ истата ситуација и да чекам да видам каков ќе биде исходот. Не сакав да ја оставам мојата иднина во туѓи раце. Сакав да донесам своја одлука размислувајќи за себе и за моето семејство“.

„Иако имам слушнато дека се зборува дека Ла Лига прифатила сѐ и дека сѐ е во ред за да се вратам. Сепак, недостасуваше многу. За време на мојата кариера во Барселона бев обвинет за многу работи кои не беа вистинити и бев малку уморен од сѐ. Сега се плашев дека сѐ може да се повтори и дека ќе морам да заминам како пред две години. Затоа не се случи враќањето во Барса“.

URL

„Во последните две години не бев среќен, ги имав тие месец дена на Мундиојалот во Катар, кој беше спектакуларен, го освоивме Светското првенство, но сѐ после тоа беше тешка фаза за мене. Сакам повторно да уживам во моите деца, семејството, во еден обичен ден... Сакам да имам малку мир“.

После тоа, според многумина, најдобриот играч на светот, се наврати на последните две години во ПСЖ.

„Чувствата се измешани. Вистина е дека првата година беше многу тешка, од различни причини. Во втората година, во првите шест месеци, се чувствував многу, многу добро, многу удобно во клубот, во градот, со моето семејство. Потоа дојде Светското првенство и мислам дека тоа многу влијаеше на продолжението на сезоната. Очекував да завршам поинаку, но сега тоа е зад мене“, изјави Меси. 

Исто така истакна дека ги следел овосезонските игри на својот поранешен клуб.

„Да, да, следев сè и копнеев по спомените. Посакував да бидам таму. Го следев она што го правеше Чави цела година и сакав Барса да биде шампион, како и секој навивач на Барселона. Зборувам многу со Чави, за натпреварите, некои играчи, за разни ситуации... Вистина е дека многу разговаравме откако тој стана тренер на Барса“, додаде Меси.

Зборуваше и за тоа колку улога одиграле финансиските услови во неговата последна одлука за кариера.

„Вистината е дека парите никогаш во ништо не ми биле проблем или пречка. Не ни зборувавме за договорот. Тој предлог постоеше, но никогаш не беше формален, напишан, па не знаевме дали е возможен. Никогаш формално не разговаравме за пари. Ако се работеше за пари, ќе одев во Арабија или на друго место“.

Не ја затвори вратата за враќање во Барса, ниту како играч, ниту во друга улога.

„Да, очигледно би сакал да бидам блиску до клубот. Еден ден ќе живеам во Барселона. Ова го сакаме моите деца, мојата сопруга и јас. Не знам кога ќе биде, но се надевам дека еден ден ќе можам да му помогнам на клубот. Не можам да ја заборавам љубовта што ја добив во Барселона“, изјави на крајот легендарниот Аргентинец.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе