Метју Пери откри дека бил вљубен во Џенифер Анистон

Актерот Метју Пери, во неговите мемоари „Friends, Lovers and Big Terrible Thing“, откри досега непознати детали од неговиот живот, како и дека бил вљубен во колешката Џенифер Анистон.

Пред почетокот на снимањето на култната серија „Friends“, Метју ја запознал Џенифер и веднаш се вљубил во неа, а помислил дека и таа има исти чувства кон него.

Кога добил две работи во еден ден, првата личност на која се јавил за да ја сподели радосната вест била Џенифер.

„Гледајќи назад, во минатото, ми беше јасно дека поради тоа помислила дека премногу ми се допаѓа или го разбрала тоа на погрешен начин, но јас само ги влошив работите со тоа што ја поканив на состанок. Ме одби, но ми кажа дека сака да ми биде пријателка. Јас ги комплицирав работите, велејќи дека ние двајцата не може да бидеме пријатели“, наведе Пери.

На крајот и двајцата ги добиле главните улоги во серијата „Friends“, а Пери признава дека неговата заљубеност не исчезнала и дека поради тоа снимањето му било тешко.

„Уште на почетокот на снимањето на серијата сфатив дека сѐ уште ми се допаѓа Џенифер. Нашите поздрави и разделби станаа непријатни. А, потоа се прашував колку долго е пристојно да гледам в неа, дали три секунди се предолги?“, напиша тој во мемоарите.

реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе