Мицевски: Ја чекаме оставката на Заев, ќе се обидеме да направиме ново парламентарно мнозинство

Оставката на премиерот Заев од претседател на Владата и од лидер на СДСМ се уште е фејсбук оставка, се уште не е испратена до институцијата каде што треба да биде доставена, а тоа е Собранието на Република Македонија, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Никола Мицевски. 

Додаде дека во зависност од писмото што ќе биде добиено ќе се знаат и процедурите, односно она што ќе треба да се прави како наредни чекори во Собранието. Посочи дека согласно Уставот имало постапки каде претседателот на Републиката по доставувањето на оставката, таа се констатира во Собранието и претседателот на Републиката е должен во рок од 10 дена да ја достави на мандатар кој ќе приложи мнозинство од 61 пратеник, па потоа мандатарот има 20 дена за одлучување, односно за составување на новата влада. Тоа, како што рече, ќе се види откако ќе биде доставена оставката. 

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицевски рече дека е многу сериозна состојбата во државата и сега не е време за славење зашто државата се наоѓа пред сериозни предизвици, како енергетска и економска криза, нов бран на ковид пандемија…

-Состојбата е многу сериозна во државата. И ние ќе се обидеме да направиме ново парламентарно мнозинство имајќи ги предвид сите предизвици пред коишто се соочува државата и граѓаните во нашава држава. Но, доколку не успееме во сите тие напори најдобро би било да има нови предвремени парламентарни избори бидејќи оваа Влада, ова мнозинство го изгубија политичкиот легитимитет и народот ја испорача фактурата која што требаше да ја испорача, рече Мицевски.

Според него, потребни се сериозни анализи, сериозни симулации на состојбата, разговори со сите политички чинители за да може, како што рече, да излезат со одреден став за она што ќе се случува во наредниот период.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе