Мицкоски да каже на колку години ја изградил првата хидроцентрала, вели Стевчо Јакимовски

Стевчо Јакимовски, градоначалникот на општина Карпош, го обвини лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека единственото прашање што го посочува е како внукот на господинот Али Ахмети на 25 години стекнал толку големо богатство како што е дел од сопственоста во трговскиот центар „Соравија“.

Но, тој, според Јакимовски, не кажува на колку години ја направил својата првата хидроцентрала и стекнал милионски имот.

„Прашањето за богатството на внукот на Али Ахмети како го стекнал имотот е легитимно прашање и нормално е да се истражи дали средствата се обезбедени на легален начин. Но, сакаме да го прашаме Мицкоски да одговори на колку години тој ја направи првата хидроцентрала. Дали тоа беше пред да биде советник во владата на Груевски, беше пред да биде директор или откако стана директор на ‘Електростопанство на Македонија’. Во опис и попис на работни задачи на директорот на ‘Елекстростопанството’ стои да гради хидроцентрали, да овозможува производство на електрична енергија, но да гради хидроцентрали за државата и за народот, не за себе. Во конкретниот случај тој има градено за себе, мислам дека е легитимно прашањето да го прашаме на колку години тој стекна таков милионски имот“, посочи Јакимовски на денешната конференција.

Од СДСМ претходно обвинија дека Мицкоски од државата добил 33 илјади метри квадратни за изградба на хидроцентрала, а денеска не ја дава струјата на граѓаните, во време на најголема светска енергетска криза кога секој енергетски капацитет е од суштинска важност.

„Срамно е Мицкоски да прави споредба на периоди на нормално функционирање на светот и период на постпандемија, на енергетска и економска криза, која го тресе целиот свет. Ако толку е загрижен за состојбата со енергетиката, Мицкоски нека ја даде струјата на граѓаните и нека ги повика пратениците да се откажат од блокадите на важни закони во Собранието“, рекоа претходно од СДСМ.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Македонија

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more
 

Вести

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе