Мицкоски: Формирање на ковид комисија и што поскоро полициски час

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, бара формирање на ковид-комисија во која би членувале стручни луѓе кои ќе понудат решенија за надминување на актуелната ситуација со пандемијата. Смета дека час поскоро треба да се воведе и полициски час.

– Тоа не треба да биде партиска комисија. Ние не треба да ги партизираме тие луѓе. Тоа се луѓе кои треба да понудат како најлесно да излеземе од оваа денешна ситуација во која се наоѓаме, рече Мицковски во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија Сител.

Оцени дека здравствениот систем е преоптоварен и за тоа, според него, виновна е власта која нема јасна визија и стратегија. Смета дека се воведуваат парадоксални мерки бидејќи од една страна се воведува кризна состојба, а од друга страна се организираат предвремени локални избори во две општини.

Решението го гледа во формирање на експертска влада и во одржување на лидерска средба.

За ситуацијата со Бугарија, рече дека никогаш не би потпишал договор каков што е Договорот за добрососедство. Повика на лидерска средба на која би се зацврстиле позициите на државата во однос на идентитетот и јазикот.

– Зошто не седнеме на лидерска средба, зошто да не и олеснеме на Владата, зошто не ги забетонираме нашите преговарачки позиции со еден заеднички документ кој што ќе го усвоиме заедно во Собранието. Ајде во Собранието да изгласаме една таква резолуција на која што ќе ги забетонираме позициите на Владата, истакна Мицкоски.

Прашан дали ќе поддржат одржување на онлајн седници, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека никогаш нема да поддржат кршење на Уставот и неуставни творби вклучително и онлајн гласање.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе