Мицкоски: Имаме план како земјава да дојде до преговорите со ЕУ

Уставни измени под овие услови не прифаќаме. Нудиме план како земјава да дојде до преговорите со ЕУ. Планот е базиран на три столба: национален, политички и економски, а првата точка од него се предвремени избори. Да организираме предвремени избори и без техничка Влада, последна дата нека биде 11 јуни. Нека остане Оливер Спасовски министер за внатрешни, нека останат и замениците министри од оваа Влада, рече синоќа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во гостувањето на емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Мицкоски откри дека се соочува со притисоци и непријатни состаноци, но нема да попушти, како што потенцира, ниту милиметар. Тој напомена дека е многу важно претставниците на меѓународната заедница да гарантираат дека Бугарија никогаш повеќе нема да нѐ блокира поради идентитетски и историски прашања. Во спротивно, истакна, со промената на Уставот, ќе станеме вечни преговарачи иако сме многу понапред од некои земји-членки на ЕУ во одредени области.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ информира дека нема никаква комуникација со премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, во овој момент за ВМРО-ДПМНЕ влада со ДУИ не е посакувано сценарио. ВМРО-ДПМНЕ најмалку го посакува тоа сценарио, да има влада со ДУИ и со сегашното нејзино раководство.

На следните парламентарни избори, рече Мицкоски, ќе биде носител на листа и повтори дека поддржува една изборна единица.

– Мојот став за уставните измени е кристално јасен и непроменлив. Немам намера да прифатам уставни измени под овие услови. Не знам дали ќе има уставни измени во следниот парламентарен состав, но едно знам - дека нема да се поместам ни милиметар ако нашинот план не се исполни. Тоа треба секој да го знае. Ме прашувате дали има притисок и дали има непријатни состаноци, ќе ви кажам да, има притисок и има непријатни состаноци. Но, ако ме прашате дали сум подготвен да паднам на тој притисок ќе ви кажам дека ни милиметар нема да се поместам, зашто моите аргументи кои јас ги пренесувам на тие состаноци не се втемелени на инает, туку на логичен след на настаните. Ако Бугарија ни ставаше вето без да има алатка во рака (документ), можете да замислите сега, откако има документ, што ќе се случува, потенцира Мицкоски во „Само интервју“.

Remote video URL

Тој во разговорот објави нови документи за скандалот со надзорот на Коридорот 8. Четворица експерти, рече, добиле 900.000 евра за еден месец.

– Нашите критики се за криминалот што го прават официјалните лица од ДУИ, не е само кон Артан Груби, има таму и други луѓе за кои допрва ќе излегуваат криминални афери за сето тоа што ние го имаме документирано. Ако вие мислите дека треба да премолчиме за наместениот тендер за надзор и супервизија на проектот за коридорите 8 и 10 Д, простете, но нема да премолчиме, бидејќи е евидентен криминалот. Околу тендерот за надзор и супервизија на коридорите 8 и 10 Д криминалот е евидентен и еклантантен. Таму имате тендер кој што е местен, во тендерот се менувани условите додека тендерот трае. Знаете ли колку пари наплатиле четирите експерти кои што работеа еден месец за да го изготват договорот со фирмата изведувач? Видете, 900.000 евра за еден месец. Видете јас сум доктор по науки, сум учествувал во многу вакви проекти пред да се занимавам со високата политика, и се чувствувам прилично моќен во тоа со кое што сум се школувал и за кое што имам искуство. Ни приближно вакви експертски услуги досега не сум имал, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека другата компанија од конзорциумот кога почнува тендерот, нема лиценца за надзор, односно е во процес на добивање лиценца за надзор и супервизија, како и дека тоа е компанијата што се занимава со производство на долен веш.

Remote video URL
Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе