Мицкоски: На Македонија ѝ е потребна трансформација, за да се случат промените потребен е 61 пратеник

Мојата порака до оние кои се политички неопределени, сега не е време за молчење, сега не е време за да го одседите овој период, а посебно не денот за изборите. Знам дека ќе се обидат да ве убедат дека секако ВМРО-ДПМНЕ победува, зарем до мојот глас е дојдено. До секој еден глас е дојдено, за да ја испишеме историјата до крај, таа историја која ја започнавме во 2021 година на локалните избори. Но, за да ја заокружиме со нова на двојните избори односно на претседателските и парламентарните избори потребна ни е мобилизација. Потребно ни е будење кај секој еден македонски граѓанин кој што не е задоволен од политиките на владата на СДСМ и ДУИ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска пред присутните граѓани во Ресен во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мицкоски потенцираше дека во државата нема трета опција. Или Македонија која се развива, или пак ќе бидат дел од друштвото на Ковачевски, Ахмети, Османи, Спасовски или Маричиќ, и затоа повика на мобилизација од страна на граѓаните.

„Нема трета опција. Или си за Македонија, развиена и просперитетна, или за жал остануваш во друштвото на Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ и останатите“, изјави тој и додаде:

„Сега е изборот - или со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и се бориш за просперитетна, развиена и европска Македонија или остануваме да тонеме во криминал и корупција која што и денеска е секојдневие во Македонија и резултат на политиките на СДСМ и ДУИ. Затоа ни е потребна мобилизација и секој еден човек да ја пренесе пораката насекаде низ Македонија“, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека еден од носечките проекти на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде токму децентрализација на јавните финансии од централниот буџет кон општините, но како што рече, за да се случи трансформација на Македонија и да се подобрат условите за живот на граѓаните потребен е 61 пратеник.

„Еден од носечките проекти на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде децентрализација на јавните финансии од централниот буџет кон општините. Овде во Ресен се предвидени директно за капитални инвестиции повеќе од 7,5 милиони евра, тоа се средства надвор од буџетот на самата општина. Такви ќе инвестираме повеќе од 250 милиони годишно на целата територија на Македонија, за да ги подобриме условите за живот. Но, за тоа да ни се случи потребна ни е поддршка од 61 пратеник. 61 пратеник за трансформација на Македонија“, порача Мицкоски.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе