Мицкоски: Реториката на ДУИ не носи добро и само ја заострува ситуацијата во државата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е на средби со граѓани во Куманово, одговарајќи на новинарско прашање за условите што вчера ги упати ДУИ за премиер Албанец и за прифаќање на бугарските барања, рече дека ДУИ таквиот тип барања можат да ги задржат само во сопствените редови за храбрење на нивното членство.

– Демократската унија за интеграција, изгледа се чувствува прекомфорно и комотна во ова тригодишната коалиција со СДСМ и мисли дека начинот на којшто функционира со СДСМ, така и со сите останати политички партии. Она што сакам да им го порачам и на нив од Куманово е да внимаваат како се однесуваат, бидејќи на Македонците и на останатите граѓани во Македонија им е дојдено веќе преку глава да бидат граѓани од втор ред. И таков тип на барања можат да ги задржат само во сопствените редови за храбрење и мотивација на сопственото членство, рече Мицкоски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се обраќа на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност.

– Ваквата реторика и начин на однесување не само што не носи добро, туку напротив само ја заострува ситуацијата во државата. Ние ќе одговориме соодветно, затоа што, поминаа времињата кога ДУИ ќе се чувствува комотно и романтично во Владата на Република Македонија, изјави Мицкоски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ е победник на следните предвремени парламентарни избори заедно со Коалицијата „За обнова на Македонија“, повторувајќи дека на сите граѓани им е преку глава да бидат граѓани од втор ред.

– Доаѓа вистинската обнова и вистинската сила и на Македонците и на останатите граѓани во Македонија, после 15 јули во Владата на РМ и ќе им порачам да внимаваат како се однесуваат и какви пораки рефлектираат во јавноста, затоа што тоа не е добро за сите етнички заедници, вклучително и за албанската етничка заедница, додаде Мицкоски од Куманово.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе