Мицотакис: Договорот од Преспа има грешки, но Атина се стреми кон добри односи со Скопје

Мојата критика за договорот не се однесуваше на името, се однесуваше на македонскиот јазик и македонската етничка припадност и продолжувам да верувам дека ова е голема грешка, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија ΑΝΤ1.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис објаснува дека „овие грешки не можат да се излечат“ и истакнува дека сега Грција се стреми кон добри односи со Северна Македонија.

– Од моментот кога се случи, имаме секаква причина да се стремиме кон најдобри можни односи со Северна Македонија и главно да го прошириме нашето економско влијание. Затоа што во моментов Грција повторно станува протагонист на енергетската мапа на Балканот, не само во она што се случува во Грција. Грција е природен извор на влез на енергија кон Балканот и кон Централна и Источна Европа и имаме за цел максимално да ја искористиме оваа наша улога, рече Мицотакис.

Тој истакна дека треба да започне пристапниот процес на земјава во Европската Унија, бидејќи преку тоа Грција „ќе има можност да притисне за спроведување на договорот и да се излечат евентуалните слабости онолку колку што тоа го дозволува правната рамка“.

Мицотакис вели дека е целосно доследен во однос на ставовите за Договорот од Преспа изнесени пред Нова демократија да дојде на власт, објаснувајќи дека за него ќе беше многу лесно и политички корисно, ако предизборно велеше дека ќе го поништи договорот.

– Не го сторив тоа бидејќи сум сериозен политичар и многу добро знам дека договорите не можат да се променат, рече грчкиот премиер.

Во интервјуто за грчката телевизија ΑΝΤ1 емитувано синоќа кусо пред полноќ, Мицотакис најави второ зголемување на минималната плата во Грција, отфрли секаква можност за воведување локдаун во земјата, но и секакво сценарио за одржување предвремени парламентарни избори.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе