Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Властите во италијанскиот град Милано предложија нов закон со кој се забранува продажба на сладолед по полноќ, со цел да се заштити мирот на жителите.

За многу Италијанци, сладоледот доцна навечер е дел од културата, но тоа сега е доведено во прашање со новиот закон предложен од градските власти. Доколку се усвои законот, продажбата на сладолед по полноќ ќе биде забранета веќе во мај.

Предлог-законот, кој опфаќа 12 области, ќе ја забрани и продажбата на брза храна „за носење“, вклучително и пица и пијалоци по полноќ за да се намали бројот на бучни групи на улиците на Милано, кои не им дозволуваат на останатите да спијат.

Заменик-градоначалникот Марко Гранели рече дека целта е да се постигне баланс меѓу дружење и забава и мир и одмор за жителите.

Забраната би важела од 00:30 часот во работните денови и од 1:30 часот за време на викендите и празниците.

Граѓаните имаат право до почетокот на мај да се жалат или да предложат измени на законот, пишува Sky News.

реклама

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе