Минатата недела помалку заболени и починати од COVID-19

Скопје, 22 февруари 2022 (МИА) – Во периодот од 14 до 20 февруари регистрирани сe 6.119 нови позитивни ковид случаи, што е за 29,2 отсто пмалку во однос на претходната недела. Процентот на позитивност се движи од 16,7% до 31,1%, просечно 25,8%.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје,тестирани се вкупно 23.396 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 11,2% во однос на претходната седмица.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.262; 53,3%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Неготино – 519,1/100.000, Скопје – 514,3/100.000 и Кавадарци – 507,4/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група над 60г (n=1.482, 24,2%), а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=327; 5,3%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележителен пад од 31,5% во возрасната група од 20-29 години и 31,2% кај лицата на возраст од 50-59 години.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 8.797 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 863 реинфекции, со намалување за 29,8% во однос на претходната недела.

Пријавени се 106 смртни случаи во 23 градови, за 27,9% помалку во однос на претходните седум дена. Најголем дел од нив се од Скопје (41). Во однос на возраста, најголем број (n=101; 95,3%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (4) и 40-49 години (1).

Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при ИЈЗ, во текот на изминатата недела, кај 49 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите е направено PCR тестирање за детекција на Омикрон сојот.

Во 29 (59,2%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 20 (40,8%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на омикрон – позната уште и како „stealth“.

Заклучно со 20.02.2022, во земјава вакцинирани се вкупно 869.763 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 848.573 лица, а со трета доза се вакцинирани 140.455 лица.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе