Министерот Чулев бара од ОЈО да истражи дали има кршење на законите во АНБ

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев соопшти дека до Основното јавно обвинителство доставил соодветен поднесок во врска со случајот за кој вчера соопшти – дека е утврдено кршење на законите односно, како што рече, поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (сега: Агенција за национална безбедност) сè уште ја има задржано посредничката улога во системот за следење на комуникации и не е целосно елиминирана техничката можност од евентуален увид во кривичните истраги кои се спроведуваат од страна на МВР.

За актуелната поставеност на системот за следење на комуникациите министерот Чулев вчера одржа прес-конференција, а за поднесокот до ОЈО соопшти денеска на Facebook.

– Со поднесокот барам од страна на Јавното обвинителство да преземе активности во насока на спроведување соодветна истрага со цел утврдување на фактичката состојба за постоење на одговорност на раководните лица во надлежните институции. Во однос на вчерашните соопштенија од страна на Агенцијата за национална безбедност јавноста треба да знае дека изнесените факти и аргументи воопшто не кореспондираат со мојата тематска прес-конференција, истакнува Чулев.

Ниту еден елемент од соопштението, додава министерот, не се однесува на негирање на фактите што тој ги изнел  со кои, како што вели, аргументирано укажал на кршење на Законот за ОТА и Законот за следење на комуникаци. Состојбата во процесот на следење на комуникации, додава Чулев, недвосмислено ја опишува и прикажаниот слајд на вчерашната прес-конференција.

– Во изјавата на поранешниот министер за внатрешни работи и самиот тој истакнува дека „како што е пропишано во законот, така и треба да се одвиваат сите постапки и сите изјави“ што впрочем значи дека во конкретниот случај истиот Оливер Спасовски во време на неговото раководење со Министерството за внатрешни работи, согласно со Законот за ОТА и Законот за следење на комуникации, требало да ја отстрани секоја техничка можност за посредничка улога на Агенцијата за национална безбедност, односно да воспостави директна техничка поврзаност на министерството со ОТА, наведува Чулев и го повикува Јавното обвинителство да ги земе предвид материјалните докази со кои располага МВР  и, како што вели, да ја расчисти дилемата дали имало кршење на законите од страна на одговорните лица во релевантните институции.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе