Министерство за здравство е во фаза на преговори со Pfizer за набавка на лекот против COVID-19

Министерството за здравство е во фаза на преговори со производителот Pfizer за набавка на паксловид лекот против COVID-19, но според министерот за здравство Беким Сали, тоа е процес и не треба да се чека кога ќе стигне лекот, бидејќи веќе имаме вакцина за која научно е докажано дека засега е најсигурен и најбезбеден начин за заштита на здравјето.

– Изразивме иницијален интерес дека сакаме да пристапиме кон преговори за набавка на лекот, но кога ќе биде тоа не можам да прецизирам. Изразивме интерес и пристапивме конкретно кон следна фаза на преговори и договор за набавка, изјави вечерва Сали во гостувањето во емисојата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

Протокол за лекување од COVID-19 постои, вели Сали, посочувајќи дека тој е напишан на повеќе од 35 страни од професори на Инфективна клиника и е на располагање на сите здравствени институции.

– Во период од две години тој има претрпено одредени измени, врз основа на сите соеви кои се појавиле кај нас. Да напоменам дека ние знаеме само околу четири соеви кај нас, а во светот се околу 50. Жалам што одредени лекари можеби не ги следеле овие постапки и дејствувале по кратки протоколи кои ги земале од соседни држави. Но, и тоа не е грешка, да се следи пример од соседна држава која успешно се справува со пандемијата, изјави Сали.

На вчерашната седница на Комисијата, нагласи Сали, било разговарано како да се овозможи јавно достапен протокол за лекување, а тој да не биде злоупотребен.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Македонија

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Read more

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more
 

Вести

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе