Мис Пакистан по осудата од верските лидери: Сакам да го сменам мислењето дека сме заостаната земја

Неодамна на Малдивите се одржа првиот натпревар за Мис Универзум Пакистан, а девојката која победи на изборот се соочи со низа критики.

Имено, 24-годишната Ерика Робин со денови е изложена на критики во јавноста, поттикнати од одредени верски лидери и власта.

Така, сенаторот Муштак Ахмед од партијата Џемаат-е-Ислами ја нарече срам, а привремениот премиер Анвар ул-Хак Какар бара истрага. Причината за омразата доаѓа од тоа што Робин сака да го претставува Пакистан, кој не сака да биде дел од такво натпреварување.

Инаку, Ерика Робин е христијанка која живее во Карачи. Во Пакистан има 2,63 милиони христијани, но се само 1,27% од населението. Од петте финалистки е избрана за Мис Универзум Пакистан, по што ќе го претставува Пакистан на престижниот избор за убавина Мис Универзум.

„Одлично е чувството да се претставува Пакистан, но не разбирам од каде доаѓа реакцијата. Мислам дека тоа е поради идејата дека ќе парадирам во костим за капење во соба полна со мажи“, изјави Робин за BBC.

Ерика Робин потсети дека за време на вториот круг од изборите, кој се одржа на интернет, нагласила што сака да направи за својата земја.

„Одговорив дека би сакала да го сменам начинот на размислување дека Пакистан е заостаната земја“, изјави Робин.

Натпреварот, кој се одржа на Малдивските Острови, го организираше Yugen Group со седиште во Дубаи, која е организатор на Мис Универзум Бахреин и Мис Универзум Египет, а организацијата соопшти дека на изборот за Мис Пакистан имало неверојатен број пријавени.

Финалето на Мис Универзум ќе се одржи во Ел Салвадор во ноември оваа година.

реклама

Што е сексомнија?

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе