Шести пакет санкции за Русија

Мишел: Договорена забрана за увоз на руска нафта во ЕУ

Б.С.Б.
/ 31.05.2022 / 08:20

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел објави синоќа пред полноќ дека на состанокот на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел е постигнат договор за забрана на увоз на руска нафта.

Лидерите велат дека постигнале договор до крајот на годината да запрат 90% од увозот на руска нафта, пренесе Reuters. Унгарија го доби исклучокот што го бараше.

Целата нафта што се пренесува преку море ќе подлежи на ембарго, како и делот од нафтата што се пренесува преку нафтоводот Дружба кон северните земји, односно Полска и Германија. Нафтата што Дружба ја носи кон јужните земји, Унгарија и Словачка пред сѐ, ќе биде изземена согласно политичкиот договор склучен на лидерско ниво.

URL

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ овој договор ќе го преточат во законски текст, најави претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Изземањето на земјите без излез на море е исто така привремено, потенцираше Мишел.

„До крајот на годината 90 отсто од руската нафта ќе биде забранета, а ќе се навратиме што поскоро на привремениот исклучок“, рече Мишел.

Освен ембаргото врз нафтата, лидерите се согласија да ја исклучат најголемата комерцијална руска банка, Сбербанк, од системот СВИФТ, да се забранат низа руски компании во ЕУ и да се забранат уште три руски државни медиуми.

Постигнат е и политички договор да се обезбедат девет милијарди евра финансиска помош на Украина.

URL

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Свет

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Read more

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Read more

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе