Мисиците во Мексико покажаа како се сака својата земја
Добриот стил никогаш не излегува од мода. Истото важи и за квалитетот и рачната традиционална изработка. А сето тоа се содржи во народните носии.
Токму тоа го искористија годинашните кандидатки за Мис Мексико 2020 кои позираа во стилизирани народни носии од 32 региони на Мексико, покажувајќи како се сака и промовира својата земја и традиција. Не изненадува фактот дека фотографиите со мисиците станаа вирални на интернет.
Големото финале на Изборот за Мис Мексико 2020 ќе се одржи на 31 октомври.
Која мисица е вашиот фаворит?