Спектакуларни фотки од вчерашната Супермесечина го обиколуваат светот
Многу луѓе синоќа беа сведоци на спектакуларни сцени од Месечината, а причината лежи во фактот што ова небесно тело беше поблиску до Земјата за околу 22.000 километри од вообичаеното.
Јулската Супермесечина е првата од четирите таканаречени супермесечини што ќе ги видиме годинава, а воедно е и најсветлата што ќе се појави во 2023 година.
Овој феномен објаснува зошто многу луѓе синоќа не спиеле добро. Имено, полната Месечина може да го наруши сонот бидејќи испушта голема количина сина светлина. Сепак, оние кои имаа можност да го видат се вистинските среќници, бидејќи глетките беа навистина фасцинантни, а многумина ја искористија оваа единствена можност да го фотографираат.
Д-р Шенон Шмол, директорка на планетариумот Абрамс на Државниот универзитет во Мичиген, објасни за каква појава се работи..
„Супермесечина е кога Месечината се појавува малку поголема на нашето небо. Додека Месечината орбитира околу Земјата, таа не е совршен круг. Значи, има точки во нејзината орбита каде што е малку поблиску или малку подалеку од Земјата“, изјави Шмол за CNN.
Шмол објасни дека кога Месечината ќе ја достигне својата „полна“ фаза на нејзиниот пат каде што е најблиску до Земјата, таа изгледа значително поголема отколку во другите денови од годината кога Месечината е полна.
Оваа јулска Супермесечина во САД ја нарекуваат и „Мажјак“, бидејќи во јули машките елени растат рогови. Постојат неколку други имиња за овој феномен, а тие потекнуваат од индиските народи.
Она што е интересно е дека повеќето години имаат 12 полни фази на Месечината, но оваа година ќе има 13. Во август ќе се појави таканаречената Сина Месечина, која ќе биде најблиску до Земјата.